Вчеравечер, во рамките на манифестацијата “Ноќ на Музеите” во Пловдив, во познатата Балабанова Куќа, беше отворена изложбата “Поврзување”.
Овој ликовен проект се реализираше со помош на нашиот Културно-информативен Центар во Бугарија, а во него , со преку 50 дела беа претставени ликовните уметници Мирјана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Иво Пецов, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.
Изложбата која во Пловдив ќе може да биде видена до 31 мај, ја отворија директорот на КИЦ ма Р.Македонија Васко Шутаров и зам.директорот на Општинскиот Институт “Стар Пловдив”, Светлозар Чичиков. По овој повод беше нагласена, веќе традиционално добрата и плодна соработка помеѓу двете институции, во пресрет на 2019 година, кога Пловдив станува Европска престолнина на културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.