Словенечкиот одбојкарски тренер Драгутин Балтиќ ќе седне на селекторското место на репрезентацијата на Македонија.
Тој на клупата го наследи Бугаринот Николај Желјасков, а треба да ја продолжи мисијата на своите претходници, кои во изминатите три години освојуваа медали во Европската лига.
Со Балтиќ ќе се тргне силно во новата сезона од ова натпреварување. Се работи за тренер кој има добри резултати зад себе. Има победувано во Купот на ЦЕВ, но и во Челинџ-купот, така што се очекува да го донесе овој успех со себе и во репрезентацијата на Македонија. Покрај тоа, зад себе има трофеи и во првенствата на Словенија, Швајцарија и на Азербејџан, а досега бил селектор и на репрезентациите на Словенија и на Бугарија.
Од него ќе се очекува да дојде до успех во Европската лига, што значи конечно да се направи чекор напред и да се дојде до титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.