| четврток, 6 декември 2018 |

Конте: Тој е пример за сите, ако побарам ќе застане и меѓу стативите

konte i acpilikueta

Екипата на Челси дојде до пехарот во Премиер лигата, ама желбата за победи и понатаму е присутна и тоа се виде на вчерашниот меч против Вотфорд кој клубот од „Стемфорд Бриџ“ го доби со 4-3 иако настапи со мешан состав.

По таа средба тренерот Антонио Конте издвои еден играч и тоа поради универзалноста, карактерот и можноста да ги исполни сите барања-тоа е шпанскиот репрезентативец Цезар Азпиликуета.

– Ова е фантастична сезона за него. Азпи одигра маестрално. Кога имате ваков играч тоа е одлично за тренерот. Ако побарам од него да излезе на теренот и да стави ракавици и застане на голот тој тоа ќе го направи. Тој е пример за фудбалер способен да игра на различни позиции. Сега играше крило, даде гол, а можеше уште два или три. Има одличан сезона – рече Конте по средбата со Вотфорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top