| четврток, 6 декември 2018 |

Компаниите веќе ги потпишуваат првите договори за даночно ослободување по инвестирање во спортска федерација

Директорот на АМС Марјан Спасески во рамки на денешниот увид во градежните активности во националната арена „Филип Втори“ изрази благодарност до владата за законските измени во рамките на спортот, како и за финансиите кои сега пристигнуваат поради тие измени во Агенција.

-Од игрите на среќа за три пати се зголеми буџетот на Агенцијата за млади и спорт, за наменски дотации за спортските федерации, согласно новиот закон, првата траша ја направивме со ракометната федерација на Македонија. За прв пат во историјата на државата, влада преку АМС целосно ги покри трошоците за машката ракометна репрезентација за учество на едно светско првенство, тоа досега се нема случено, ракометната федерација изрази навистина големо задоволство. Потоа продолжи и со останатите федерации, досега ние преку 60 милиони денари, односно милион евра, имаме потрошено односно финансирано спортски федерации по новиот основ на игри на среќа по законот за игри на среќа и други забавни игри, изјави Спасески.

Тој се осврна и на даночното ослободување за фирмите доколу инвестираат во одредена федерација пари.

-Веќе ги потпишуваат првите договори компаниите, за да можат да ги искористат овие бенефити од даночно ослободување. Конкретно ако се финансира во одредена спортска федерација, се добива 40 проценти од пресметаниот износ на данок на добивка. На пример ако одредена компанија има добивка од еден милион евра, ако треба да плати на тоа 10 проценти данок на добивка, односно 100 илјади евра, да речеме во атлетската федерација на Македонија може да вложи 40 илјади евра, останатите 60.000 евра ќе ги плати на УЈП,  изјави Спасески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top