| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија викендов ќе биде домаќин на Европското првенство во кајак

кајак

Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи претстојниот викенд на патеките на Вардар и на Матка во Скопје, а 176 учесници од 18 земји ќе продифелираат во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје.
Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик.

– Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на Македонија, која во изминативе години е водечка во организирање на натпревари од меѓународен карактер. За организација на овој настан од буџетот на Агенцијата се одвоени 1,2 милиони денари. Свеченото отворање на настанот е плоштад „Филип Втори Македонски“ со почеток од 20 часот. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Скопје и пошироко да бидат дел од оваа манифестација која има огромно значење како за градот Скопје, така и за Македонија – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

На прес конференцијата беа присутни и претседателот на Кајакарската федерацијата на Македонија, Коста Ефтимов, како и спортскиот директор и технички организатор на натпреварот, Атанас Николовски.

– Подготовките за старт на Европското првенство во кајак на диви води се во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на Словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ во Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светскиот врв. Посебно е задоволството што годинашниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посеризните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019 – истакна Атанас Николовски.

Тој изрази голема благодарност до сите волонтери од Македонија, на кои на големо задоволство им се приклучуваат и волонтери од Босна.

Македонскиот тим брои 7 натпреварувачи од кои 4 во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top