Вака или онака, животот продолжува. Македонските патриоти продолжуваат да маршираат секоја вечер и мирно и јас имам најдлабока почит кон нив. Сепак, пораките од тие маршеви мора да бидат позитивни и да се фокусираат на зачувувањето на Македонија како суверена и независна држава, обединета како татковина на Македонците и на сите малцинства што ја прават Македонија голема. Тоа треба да бидат пораките од улиците до меѓународната заедница и до медиумите.
Во исто време, продолжува интересот за Македонија кај тие што веруваат во сувереноста на нацијата-држава. Неделава во „Американ спектејтор“ беше објавена статија, една од континуираната серија статии кои ги истражуваат континуираните „неуспешни политики на Сорос-Обама“ што сè уште се применуваат во регионот. Авторот истражува како амбасадорите на Обама во Македонија, Албанија, Kосово, Босна и Херцеговина и во Грција работат на поткопување на суверенитетот на овие држави и на нивните институции што, за возврат, предизвикува регионална нестабилност – пишува во својата колумна Џејсон Мико, менаџер за односи со јавноста од Аризона.
Мико, кој е долгогодишен набљудувач на состојбте во Македонија и во Југоисточна Европа додава:
-Од другите актуелности неделава, иако државата-нација доживеа уназадување на француските избори, основните причини за недоверба во елитите во САД и во ЕУ нема да ги снема во блиска иднина. Иако Ле Пен можеби не беше идеалниот гласник да ја пренесе таа порака, пораката останува истата: ЕУ е корумпирана и мора или драстично да се реформира или да биде уништена. Kако што водечкиот активист за брегзит, Најџел Фериџ, рече во своето неделно радио-обраќање во однос на ЕУ: „Мора да сфатите дека ние немаме работа со нормални, демократски избрани влади. Ние имаме работа со Европската Унија. Се справуваме со луѓе што имаат огромна моќ, големи буџети, кои не се избрани, кое не може да бидат отстранети и кои се сега преплашени за својата иднина. Тие се преплашени зашто евроскептицизмот постојано расте во сите земји во Европа. Искрено речено, ова се лоши луѓе. Тие се антидемократи. Тие се против постоењето нација-држава, тие се бандити, тие се силеџии.“
За крај, сеништето на „Голема Албанија“ повторно го крена својот грд сурат. Мрачен и сега поранешен висок американски дипломат, Вилијам Вокер се најде на насловните страници во локалните медиуми кога пред толпата свои обожаватели на Kосово изјави дека сега работи на „проект“ за обединување на Албанците. Вокер, кој своевремено беше шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ на Kосово во 1998 и 1999 година, која доведе до бомбардирањето на НАТО на тогашна Југославија, им рече на своите следбеници: „Целта на овој проект на кој работам е за сите Албанци во Kосово, во дијсапората, во Албанија, работам на заеднички проект за нивно обединување… По прогласувањето независност, сега е време за конечниот чекор – сите вие да се соберете заедно и да ги реализирате сите оние достигнувања.“
Повеќе од јасно е дека ова е неодговорна и опасна реторика и треба да биде жестоко осудена. Па сепак, еден од медиумите кој пишуваше на оваа тема, „Балкан инсајт“, кој е делумно финансиран од Џорџ Сорос, го објави најизмамничкиот наслов: „Српскиот премиер ја разгорува кавгата за голема Албанија“. Вчудовидувачки, со оглед на тоа дека Вокер е тој што отворено се залага за голема Албанија. Нашите грчки пријатели кои во изминатите речиси 11 години на секој чекор отворено се обидуваа да ~ стават сопки на македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сигурно не се среќни поради ова. Но, повторно, и тука е применлив законот на ненамерните последици.
Kолумнава ќе ја завршам со една мисла од поранешниот американски претседател Роналд Реган (добар конзервативен претседател) што често ја цитирам и ќе продолжам да ја употребувам: „Слободата никогаш не е подалеку од една генерација пред исчезнување. Ние не им ја предаваме на своите деца преку крвта. За неа мора да се бориме, да ја штитиме и да им ја предадеме за и тие да го сторат истото.“ Одете и правете го истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.