| четврток, 6 декември 2018 |

Промоцијата на „Метафизички сино” од Филип Клетников во МКЦ

Во четврток (11. мај) во кино „Фросина“ (МКЦ), со почеток во 20:00 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Метафизички сино“ од Филип Клетников. Метафизички сината поезија ќе биде претставена во несекојдневна синергија со театарска игра во изведба на „Театар 007“.
„Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.
Во својот оглед кон ова поетско остварување, истакнатиот филозоф и критичар Ферид Мухиќ, нагласувајќи го фактот дека станува збор за „книжевен настан од прв ранг“, ќе подвлече дека „Метафизички сино“ е „вистински поетски едикт за животот и смртта“, кој „во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином ‘животот/смртта’ посредуван со централната метафора ‘влезот/излезот’“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top