| четврток, 6 декември 2018 |

Ете што значи „не влада по секоја цена“: Имаме држава, не смееме да ја загубиме

srbovПрво треба да расчистиме дека на политички удар каков што имаме од страна на СДСМ и сценаристите од надвор и на тој политички удар од таа страна не можете вие да возвратите со калашников, бидејќи гледам повици дека сме требале на тој начин да сме излегле и да одговориме и тоа е всушност тоа што го посакува сценаристот, изјави Никола Србов вечерва во отвореното студио на Тв Нова.

-И на таквата политичка игра од таа страна ние мора да одговориме мудро и политички, бидејќи видовме ние дека три години не војувавма со Заев, ниту ВМРО, ниту Груевски, ниту народот се бореше против СДСМ, СДСМ беше само алатката која требаше да спроведе се што се спроведе во државата. Ние се боревме против многу поголеми и моќни центри и тоа со години се бориме против тие центри и сега кога сме во кулминацијата во тие сценарија ние не смееме да влеземе во нивниот филм, бидејќи тие тоа го посакаа. Ние треба да кренеме рачна, да спуштиме топка, да видиме до каде сме, да имаме стратегија и да си ја повратиме државата назад, бидејќи можеме да ја изгубиме државата, истакна Србов.

Тој потенцираше дека комитите во минатото немале држава и се бореле да ја создадат, додека ние денес ја имаме и треба да се пазиме да ја сочуваме.

-Затоа Груевски кажа дека ќе се обидам да правам Влада, но не по секоја цена и ете го гледаме тоа не по секоја цена, рече Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top