| четврток, 6 декември 2018 |

Од Хрватска стигнува потврда, Спортинг Лисабон доставил понуда за Ристовски

stefan ristovski

Покрај Илија Несторвовски и Езџан Алиоски, фудбалерот на Ријека, Стефан Ристовски дефинитивно ја игра сезоната на кариерата. Македонскиот десен бек блеска во дресот на хрватскиот лидер на табелата, кој е пред промоција во нов шампион на ХНЛ и за очекување се големиот број на заинтересирани клубови за неговите услуги.

Како што пренесува хрватски „Гол“, Ријека на маса има понуда од португалскиот гигант Спортинг Лисабон, кој подолг период ги следеше настапите на Македонецот. Најверојатно истата ќе биде прифатена, но засега не се знае дели Ријека ќе го зачува барем до квалификациите за Лигата на шампионите, се разбира доколку успее да ги обезбеди.

До крајот на шампионатот на Хрватска преостануваат уште четири кола, а Ријека има пет бода предност во однос на шампионот Динамо Загреб. Ристовски оваа сезона настапи на скоро сите натпревари за својот тим (29), запиша неколку асистенции, но сè уште е без постигнат гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top