| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии во Охрид по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот

Денот на победата над фашизмот 9 Мај денеска во Охрид беше одбележан со изложба на фотографии на кои е прикажано ослободувањето на повеќе европски градови од фашизмот во Втората светска војна од страна на Црвената армија…

– Денот на победата над фашизмот 9 Мај се прославува во целиот свет. Тоа е голем ден оттаму што извојувана е можеби најголемата победа во историјата на човештвото. Ова е еден наш придонес, на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Почесниот конзулат на Русија во Охрид и на Општина Охрид во севкупното обележување на Денот на победата над фашизмот во Република Македонија, изјави Велимир Стојкоски, почесен конзул на Руската Федерација во Македонија.

Александар Евгењевич Алексеев, првиот секретар на Руската амбасада во Македонија, за изложбата рече дека најзината важност е сотколку поголема што таа претставува една реална слика на се она што се случувало во времето на Втората светска војна.

– Овие стари фотографии се документ за оние што војувале и ги дале своите животи во тоа тешко време. Само еден поглед врз фотографиите веднаш ги покажува среќните лица на луѓето од цела Европа како со радост го дочекуваат денот на победата. Овие изложби се значајни за сите, но особено на најмладите, за да знаат што значи војната и какви последици носи таа, рече меѓу другото Алексеев.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески од своја страна истакна дека оваа изложба е потврда на одличната соработка со Русија и рускиот народ што во иднина само ќе се унапредува.

– Рускиот братски народ во Втората светска војна даде најмногу жртви во победата на најголемото зло во 20-от век. Заедно со другите народи, меѓу кои и македонскиот, со многу прлеана крв беше победен фашизмот кој како идеологија ги уништуваше цивилизациските вредности, слободата и демократијата. ГОрди сме што бевме дел од понедничката анифашистичка коалиција, рече Бакрачески.

Во рамки на активностите што Амбасадата на Руската Федерација во Македонија ги спроведува за одбележување на Денот на победата над фашизмот предвидено е утре, 9 мај, во Скопје да биде отворена Недела на рускиот воен филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top