Натпреварувањето за најдобара песна во Европа почнува денеска, а оваа година домаќин е Украина. Годинашен фаворит е Италија, која води во сите обложувалници, а Јана Бурческа, македонската претставничка, најдобро котира од земјите во регионот.
Италија, која двапати победи на Евровизија, оваа година ја претставува Тосканецот Франчесо Габани со песната „Occidentali’s Karma“. Ова е прва композиција во историјата на Евровизија со зборови на старогрчки и на санскрит.
Според обложувалниците, голема шанса за победа има и Португалија, а на трето место е Бугарија. Шведска, која е една од најуспешните земји на Евровизија, моментно се наоѓа на четвртото место, а ја претставува Робин Бендстон.
Мометно најдобро пласирана земја од регионот е Македонија. Нашата Јана ќе настапи со песната „Dance Alone”. Бурческа е рангирана на 22. место. Хрватот Жак Худек е пет места зад Јана, претставничката на Србија Тигана Богиќевиќ е на 31. место, а претставникот на Црна Гора, Славко Калезиќ, е на 36. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.