Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Нема друга“ од словенечката писателка Јела Кречич, оригинална и комична приказна за сложените човекови односи во современите времиња. Преводот на македонски е на Драгана Евтимова.
По разделбата со долгогодишната девојка, Матјаж паѓа во тешка депресија. Но, по некое време, донесува одлука дека патот до нејзиното срце води преку друга врска. Односно врски. Но планот излегува позамрсен од тоа што очекувал. Тој тргнува на одисеја од „мувања“ на една вечер со редица девојки по познати места во Љубљана, но и од поранешна Југославија. Средбите и жените се најразлични, но Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок: дека нема друга како бившата.
Југословенската историја е секогаш во заднината на овој роман. Постои одредена доза на (наводна) носталгија за старите добри денови, но Матјаж живее со една поинаква, посилна носталгија, за деновите поминати со Сара. Секое ново поглавје носи наслов на нова девојка и претставува нова „љубовна авантура“ што не води никаде. Можеби оваа социјална реалност на романот не ослободува, како што би се очекувало од класичната романтична комедија, но несомнено ќе ве насмее.
Кречич создала метафора на љубовта во денешното општество, но и урнек на прикриен женомразец типичен за новиот милениум, кој ни го ставила на тацна. Според критиката, ова е „допадлив и по малку тескобен роман за вербата во љубовта во современото општество“.
Јела Кречич (1979) е словенечка писателка. Дипломирала на тема уметничките манифести во словенечката авангарда. Докторирала философија. Пишува за најголемиот весник во Словенија, „Дело“, каде што во 2013 година на словенечки и на англиски јазик објавува ексклузивно интервју со Џулијан Асанж, што ја прави меѓународно позната личност. Истата година стапува во брак со најпознатиот словенечки и балкански мислител Славој Жижек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ ја најави добитничката на наградата „BookStar“ 2018 : Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
„Антолог“ објави две обновени лектирни изданија од Александар Кујунџиски
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах