| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе се случи кога кралицата Елизабета ќе умре? Како ќе известуваат медиумите

„Лондон бриџ“ е насловот на планот за известување во медиумите кога англиската кралица Елизабета Втора ќе почине. Планот а ќе трае девет дена до погребот на кралицата, објави „Гардијан“.

Новинарот Сем Најт дошол до детали од планот. Според неговите информации, медиумите се веќе спремни за нејзината смрт, па „Гардијан“ веќе има напишано текст кој ќе биде објавен по нејзината смрт, а „Тајмс“ планира 11-дневна програма.

„Скај Њуз“ со години ги спрема емисите што ќе се емитуваат кога ќе биде објавена веста за смртта.

Британските радио станици се опремени со сини светла со кои ќе ја сигнализираат смртта на кралицата, по што сите станици ќе прекинат со емитување музика.

На денот на погребот во Велика Британија ќе биде тивко. Во 9 часот наутро, Биг Бен ќе заѕвони еднаш, додека остатокот од денот ќе биде тивок.

Кога ковчегот ќе биде спуштен, во 11 часот, планирано е ширум Обединетото кралство да се одржи една минута молк, најавите на железничките станици да се исклучат, а автобусите да се повлечат од патот и да застанат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top