Откако вчера објави прекин на соработката со целиот стручен штаб, Новак Ѓоковиќ во следниот период ќе работи без тренер, но наскоро ќе биде познат човекот кој ќе му помага во работата.
Неофицијално, голема желба на Ѓоковиќ е легендарниот американски ас Андре Агаси. Се очекува на почетокот тоа да биде само повремена соработка, а од идната сезона Агаси целосно да ја преземе работата со српскиот ас.
Агаси има свој стил на работа кој може да ја оплемени играта на Ѓоковиќ и кој се разликува од Борис Бекер и Маријан Вајда. По тениската пензија Агаси не работел како тренер на ниту еден познат тенисер од врвот на АТП листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.