| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинска пумпа во Дељадровце

bez

Три лица утринава со закана со пиштол извршиле разбојништво врз вработен на бензинска пумпа  во селото Дељадровце при што му ја одзеле чантата со дневниот промет, поголема количина цигари и компјутер.

Кражбата била пријавена утринава во 4.40 часот во полициското одделение Петровец од страна на дежурното лице од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top