Францускиот институт во Скопје во вторник, 9 мај 2017 год, во 19 часот, во ЕУ инфо центарот, организира предавање и дебата на тема „Еднаквоста помеѓу жените и мажите според Советот на Европа“, кое што ќе го одржи Ан Негр, експерт во Советот на Европа, доктор на науки и адвокатка. Предавањето е со симултан превод.
Ќе биде поставена изложбата на фотографии на Милан Стрезовски, насловена како „30 Портрети на жени коишто се борат за женските права“.
Имено, со цел промоција на родовата рамноправност и заштита на женските права, на 8 март 2017, Изабел Марки-Барбо, Советничка за соработка и култура во Амбасадата на Франција и Директорка на Францускиот институт во Скопје, им даде збор на жените од Македонија, по повод Меѓународениот ден на женските права.
Проектот има за цел да ги истакне заложбите на жените кои, преку нивната постојана активност, секоја во своето поле на делување, ги менуваат стереотипите, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.