| четврток, 6 декември 2018 |

„Информер“: Од Македонија прават Шиптарија! Терористите на ОВК, Талат Џафери и Али Ахмети со својот пион Заев сакаат да предизвикаат војна!

Терористите на ОВК Талат Џафери и Али Ахмети со својот пион Зоран Заев направија план за 10 дена да го сменат претседателот Ѓорге Иванов, а потоа да го сменат и знамето, и грбот на земјата, а албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот.

Албанците се решени од Македонија да направат Албанија

Според медиумите во Скопје, албанските терористи, сега пратеници во Собранието, направиле план за десет дена да го сменат претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, а потоа да го сменат грбот и знамето на земјата и албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот.

Нацртите се подготвени

Терористот на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Талат Џафери, кој во четвртокот нелегално беше избран за претседател на Собранието, најави дека со сила ќе ја преземе таа функција и му се закани на Иванов дека ќе покрене постапка за негово сменување.

-Претседателот Ѓорге Иванов мора да го додели мандатот за формирање на влада на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, кој има парламентарно мнозинство. Ако не го стори тоа за десет дена, прави кривично дело. Во тој случај, Парламентот, според Уставот, може да покрене постапка за неговто отповикување – наведе Џафери.

Тој истакна дека е легален и легитимен претседател на македонскиот парламент, без оглед на тоа што е избран по завршувањето на седницата, во собраниското фоаје, што предизвика крвави нереди во четвртокот вечерта.

Освен тоа, лидерот на неговата партија, Демократска унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, инаку основач на ОВК, се сретна со Заев во понеделникот и договорил промена на Уставот и нов закон за јазиците. Како што изјавија извори од ДУИ и СДСМ за македонскиот портал „Журнал“, Заев и Ахмети договориле стратегија за имплементација на т.н. „тиранска платформа“.

-Прво се согласиле дека албанските пратеници и оние од СДСМ треба да го заземат Собранието, кое во моментов е под опсада на полицијата, Веднаш потоа треба да се изгласа  првиот дел од „тиранската платформа“ и тоа на ист нелегитимен начин како што и Џафери беше избран за претседател на Парламентот – пишува „Журнал“.

Според наводите на овој портал, во партиските редови на ДУИ и СДСМ се зборува дека тоа значи промена на грбот, знамето и химната и воведување двојазичност на територијата на цела Македонија.

-Веќе се готови нацртите за новиот државен грб, предлогот како да изгледа знамето, како и законот со кој албанскиот јазик се изедначува со македонскиот. Со силување на демократијата и Уставот, СДСМ ќе ги гласа овие закони, со што Заев ќе го исполни првиот дел од коалициониот договор – истакнува „Журнал“.

Како што се додава, тоа е само дел од фактурата која Заев мора да им ја плати на Албанција за да седне во премиерската фотелја.

-По сето ова следува расправа во Парламентот за промена на името на државата и кантонизација на Македонија, што е вовед во отцепување на делови од земјата и реализација на целокупната „тиранска платформа“ – нагласува „Журнал“ и додава дека се очекува Заев со тоа само уште повеќе да ги испровоцира граѓаните и да предизвика нови протести.

Посредникот Рама

Да потсетиме, трите најзначајни албански партии во Македонија, ДУИ, исламистичката БЕСА и Алијанска за Албанците, договорија на 7 јануари во Тирана во присуство на албанскиот премиер Еди Рама, заедничка платформа за преговори за новата влада со Заев.

Албанците сакаат да бидат признати како државотворен народ, еднаквост на албанскиот јазик со македонскиот, како и промена на државните симболи.

Мнозинството граѓани на Македонија не ги прифаќаат овие услови и тврдат дека Албанците од нивната земја сакаат да направат Албанија. Поради тоа, претседателот Ѓорге Иванов не му го дава мандатот за формирање влада на Зоран Заев, за кого вели дека ги предал националните интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top