Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека следната година во земјата треба да се оддржи референдум за измена на Уставот, пренесе ТАСС.
-Полјаците имаат правото да кажат дали треба да се измени веќе 20 години важечкиот Устав, рече тој по повод денешниот национален празник, Денот на Уставот (од 3 мај 1791 година).
Според Дуда, дојдено е време за „сериозни дебати за Уставот со учество на народот, а не на елитата“.
Основниот закон во Полска беше утврден од Парламентот на 2 април 1997 година. Во последните неколку години во земјата има расправа за неопходноста од донесување на нов Устав, а политичките партии предлагаат свои концепции и варијанти, забележува ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.