| четврток, 6 декември 2018 |

Вулин до Заев: Сам ли го смисли нападот врз Вучиќ или ти кажаа Рама и Тачи и Џафери?

zaev-vucic640

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во две одделни интервјуа за бугарски и српски медиум, БГНЕС и Курир.рс, се изрезили во свој стил.
Дека кичмата на Заев е лесна за виткање, македонската јавност знае уште со неговата изјава од 2008 година кога порача дека „мораме да ја свиткаме кичмата за името“.

Заев во денешните интервјуа покажува дека неговата кичма е како ластик и не му е проблем да се побратими со кого е потребно – во бугарските медиуми со бугарскиот народ, во српските – со српскиот.

Ние сме браќа, еден народ, вели Заев во интервјуто за бугарски БГНЕС.

Србите и Македонците се братски народ. Европа повеќе ќе не сака ако ја унапредиме нашата соработка, рече Заев во интервјуто за српски „Курир“ и додаде дека во Србија на власт е „националистичкото раководство“ на Александар Вучиќ.

vulin

На ваквата изјава на Заев реагираше српскиот министер Александар Вулин, кој запраша дали Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ, или тоа му го рекле Рама ,Тачи или Џафери?“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top