| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти: Кој вели дека ова беше моето последно дерби?

toti i spaleti

Екипата на Рома денеска претрпе пораз од Лацио од 1-3 на домашен терен во големото градско дерби кое многумина го посочија како последно за легендарниот Франческо Тоти.

Тој влезе во игра на оваа средба во 73 минута на местото на Даниеле Де Роси, но не успеа да помогне неговиот тим да дојде до позитивен резултат на „Дерби Дела Капитале“.

По мечот „принцот од Рим“ даде една интересна изјава околу неговата иднина, за тоа дали ветеранот навистина по крајот на кампањава ќе му каже збогум на фудбалот како што се очекуваше.

– Мое последно дерби? Кој тоа го вели? Тоа го кажувате вие, јас ништо не сум кажал, -порачал Франческо во кратката изјава која ја пренесоа светските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top