| четврток, 6 декември 2018 |

Челси на чекор до титулата, Сити одирга реми со Мидлсборо

cel

Челси денес направи голем исчекор кон освојување на титулата во Премиерлигата. Лондонскиот тим со 0-3 славеше на гости кај Евертон, покажувајќи дека титулата е многу блиску до „Стемфорд Бриџ“.

Фаворитот, дури во последните 25 минути го скрши отпорот на противникот. Педро погоди за 0-1, а до крајот прецизни беа и Кејхил и Вилијан. Челси сега има 81 бод, односно седум повеќе од Тотенхем, кој има меч помалку.

Во вториот меч кој се играше во терминот од 15.05 часот денеска, Мидлсбро и Манчестер Сити ремизираа 2-2, а граѓаните мораа на два пати да бркаат негатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top