Ова е повик за државен удар со паралелен парламент, и за тоа аболицираниот Зоран Заев е спремен да ги замолчи пратениците, рече пратеникот на ВМРО ДМНЕ Антонио Милошоски, на прес-конференцијата во Собранието, која се одржа по онаа на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
–Заев е силно уценет од странски чинители и наркоструктури кои му помагаат цело време. Затоа тој сега бара формирање параинституции без трунка совест. Повикот за нелетимен избор е повик за конфликт и државен удар, рече Милошоски.
Тој повтори дека решение се нови избори.
–ВМРО ДПМНЕ ќе се бори со сите демократски средства ќе ја брани државата и народот, и уште поодлучно институциите, колку и да му пречи тоа на аболицираниот Заев, само за да избегне политичка одговорност. Тие се заложници на афери кои ќе се отворат подоцна но Македонија нема да биде заложник, затоа бараме што поскоро парламентарни избри заедно со локалните избори. Ние сме народни избраници и зборуваме во име на народот. Решение се избори и кризата ќе биде зад нас, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.