Голема мешаница и физички пресметки помеѓу неколкумина фудбалери го одбележаа крајот на натпреварот помеѓу Пењарор и Палмериас кој синоќа се одигра во Копа Либертадорес, а кој гостите го добија со 2-3 откако успеаја да ја надокнадат негативата од два гола.
Сепак, пресвртот и петте гола не го одбележаа овој јужноамерикански дуле каде по крајот на натпреварот мешаницта започна откако фудбалерите на уругвајскиот тим Пењарол го нападнаа голманот на Палмеирас, Фернандо Прас. Кратко потоа, по една брканица на теренот, како што може да се види на снимките, Фелипе Мело со тупаница удири еден од играчите на Пењарол, по што тргна да бега кон излезот, а таму наидоа на затворени врати.
Тренерот на Палмеирас, Едуардо Баптиста го обвини Пењарол дека намерно ги спречувал гостите од Бразил да излезат од теренот. Мело веднаш по првиот дуел на овие две екипи во Сао Пауло ги обвинуваше Уругвајците за расизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)