| четврток, 6 декември 2018 |

Пекол на теренот во Монтевидео: Мело делеше тупаници, па бегаше зад полицајците

Голема мешаница и физички пресметки помеѓу неколкумина фудбалери го одбележаа крајот на натпреварот помеѓу Пењарор и Палмериас кој синоќа се одигра во Копа Либертадорес, а кој гостите го добија со 2-3 откако успеаја да ја надокнадат негативата од два гола.

Сепак, пресвртот и петте гола не го одбележаа овој јужноамерикански дуле каде по крајот на натпреварот мешаницта започна откако фудбалерите на уругвајскиот тим Пењарол го нападнаа голманот на Палмеирас, Фернандо Прас. Кратко потоа, по една брканица на теренот, како што може да се види на снимките, Фелипе Мело со тупаница удири еден од играчите на Пењарол, по што тргна да бега кон излезот, а таму наидоа на затворени врати.

15

Тренерот на Палмеирас, Едуардо Баптиста го обвини Пењарол дека намерно ги спречувал гостите од Бразил да излезат од теренот. Мело веднаш по првиот дуел на овие две екипи во Сао Пауло ги обвинуваше Уругвајците за расизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top