
Легендата во мотоГП шампионатот Валентино Роси продолжува да испишува историја по трката во Тексас за ГН на САД. Италијанскиот моторциклист на Јамаха стана најстариот лидер во генералниот пласман со 38 години и 66 дена, рушејќи рекорд од далечната 1949 година.
Пред него, ваквото достигнување беше запишано зад името на Харолд Даниел, кој во 1949 година имаше 39 години и 256 дена. Веднаш зад него беше Лесли Грајм, кој стоеше на врвот со 37 години и 340 дена. „Докторот“ го презеде токму неговото место, освојувајќи го второто место во САД веднаш зад Марк Маркез и неговата Хонда.
На врвот се двата пилоти на Јамаха, Роси со 56 и Вињалес со 50, а минатогодишниот шампион Маркез заостанува со 38 освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


