| четврток, 6 декември 2018 |

Кркобабиќ од Кралство Југославија и Спасов од Република Македонија

kraljevinaВо Белград се очекува да почнат поединечните средби меѓу македонските и српските министри пред пленарната заедничка владина седница.

Куриозитет на денешните средби е онаа на министрите за труд.  Имено, на средбата околу мобилноста на работниците и воопшто заедничките прашања од областа на труд и социјала ќе се сретнат највозрасниот и најмладиот член на оваа заедничка владина седница- Јован Кркобабиќ има 83, а Диме Спасов неодамна наполни 28 години.

krkobabicВицепремиерот и министер за труд Кркобабиќ е највозрасниот член на српскиот владин кабинет. Во неговите документи пишува дека е роден 1930 во Кралството Југославија. Осумдесет  тригодишниот вицепремиер на оваа позиција дојде од редовите на Партијата на обединетите пензионери на Србија. Неговиот син Милан, велат во Белград, го следи во чекор. Покрај тоа што наликува на таткото, и Милан е пензионер и политичар.

Диме Спасов е новиот министер за труд и социјална политика во македонскиот владин кабинет. По лидерството со партискиот подмладок раководеше со неколку јавни претпријатија. Спасов, дипломиран правник, е роден 1985 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top