Само еден ден по елиминацијата во четвртфиналето од Евролигата, раководството на Басконија објави дека ја прекинува соработката со центарот Андреа Барњани. Италијанскиот репрезентативец, кој беше избран како прв пик на НБА драфтот во 2006 година од екипата на Торонто, беше најавен како големо засилување, но и покрај добрите настапи на стартот на сезоната потоа имаше серија на повреди кои целосно го исфрли од ритам.
Иако имаше уште една година од актуелниот договор, Барњани прифати спогодбено да ја прекине соработката со шпанскиот прволигаш. Тој одигра само 14 средби за Басконија во Ендеса лигата, имајќи просек од 8,8 поени и 1,8 скокови по натпревар. Италијанецот настапи и на 15 средби во Евролигата, каде во просек постигнуваше по 11,5 поени за 20 минути игра.
Барњани поради повреда воопшто не беше дел од тимот на Басконија во завршницата од сезоната во Евролигата, како и во четвртфиналната серија против актуелниот европски шампионЦСКА Москва што шпанскиот клуб ја загуби со 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.