Искусниот холандски интернационалец Весли Снајдер по 3,5 години поминати во Истанбул во редовите на Галатасарај се реши ова лето да си замине од клубот и да си ја бара среќата во друга средина.
Тој иако беше миленик на навивачите се одлучи за предвремен раскин на договорот и да си замине од клубот една година порано. Работите не одеа во посакуваниот правец и за него и за симпатизерите по доаѓањето на Игор Тудор на клупата на истанбулскиот гигант.
Беше во втор план кај Хрватот, а по почетокот на летниот преоден рок клубот се реши да му го одземе дресот со бројот „десет“ и да го додели на новото засилување Јунес Белханда. Тоа ја прели чашата кај холандскиот репрезентативец кој се реши да исплати 4,5 милиони евра за предвремен раскин и да го напушти Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.