Политичкиот аналитичар Сотир Костов вечерва гостуваше во вестите на „ТВ Нова“ зборувајќи за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и народот кој доаѓа на протестите.
– Народот кога виде дека лидерите не можат да го најдат соодветно решение, ги преземаа работите во свои раце и се роди иницијативата „За заедничка Македонија“ која на многу културен и цивилизиран начин направи едно сплотување на граѓаните – истакна Костов.
Тој смета дека во Македонија има и лојални граѓани, но и предавници.
– Историјата не учи дека во Македонија отсекогаш имало предавници. Денес тоа е соросоидната петта колона – посочи Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


