| четврток, 6 декември 2018 |

Ник Кејв доаѓа на „Егзит“ на 14 јули

Еден од најистакнатите изведувачи на алтернативниот рок, Ник Кејв повторно ќе настапи пред публиката на „Егзит“, овојпат на 14 јули. Тој во Нови Сад ќе го претстави новиот албум „Push The Sky Away“.

На музичкиот фестивал, чиј слоган е „Р:Еволуција“, Кејв ќе го промовира 21 односно 15 албум што го снимил со бендот „Д бед сидс“.

– Кога би морал да ја употребам онаа позната метафора која гласи дека на албумите гледам како на свои деца, тогаш „Push The Sky Away“ би бил како бебе во инкубатор. Песните се сосема нови, но, сепак, звучат како „стара школа“ – рекол австрискиот кантавтор за албумот што излезе во февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top