Пејачката, актерка и поранешна членка на групата „Дрим“, Мелиса Шуман, која сега има 33 години и е во брак, тврди дека кога имала 18 години ѝ се случила една непријатна ситуација со членот на групата „Бекстрит бојс“, Ник Картер, кој тогаш имал 22 години.
Вели дека Ник ја принудил на орален секс пред да ја силува во неговиот стан во Санта Моника во 2002 година.
Пејачката вели дека по случката некои поединци ја советувале да не открива ништо затоа што тој имал моќна правна екипа зад себе и дека кариерата ќе ѝ биде уништена.
Мелиса тврди дека Картер ја повикал на дружење со пријателите, на што таа се согласила, и во придружба на своја пријателка стигнала во неговиот стан. Тука се дружеле, играле видеоигри, а потоа тој ја повикал во својата канцеларија да ја чуе музиката на која во аботел. На нејзино големо изненадување, ја нападнал и ја принудил на орален секс.
Шуман вели дека потоа ја однел во бањата и таму продолжил.
– Беше многу посилен и поголем од мене и немаше начин да ја отворам вратата или да повикам помош. Мојата пријателка не можеше да ми помогне, не знаев ниту каде е. Му реков дека сум невина и дека не сакам да имам секс – изјави Мелиса.
Таа тврди дека Картер повторно се обидел да стапи во контакт со неа, ѝ се јавил повеќепати, но таа не одговарала на неговите телефонски повици.
Мелиса ги изнесе своите обвинувања на блогот што го објави жена која исто така тврди дека Картер минатиот месец сексуално ја нападнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.