Познатиот мотивационен говорник и борец за права на лицата со инвалидитет неодамна со своите обожаватели ја сподели веста дека станал татко, и тоа по четврти пат.
Николас Џејмс Вујичиќ, попозат како Ник, роден е во 1982 година во Бризбејн со ретко тетра-амелија пореметување. Тој нема раце, а наместо нозе има мали стопала и поради овој хендикеп тешко се вклопувал во друштво, од дете.Сепак со тек на времето покажал огромна сила, па станал еден од првите лица со инвалидитет кој е интегриран во формална училишна установа.
Иако во младоста се борел до страшни предрасуди и депресија, Ник го одржала неизмерната љубов на родителите.
Во меѓувреме се вклучил во бројни хуманитарни акции собирајќи средства за различни програми кои им помагаат на луѓе со инвалидитет и ширум светот почнал да држи предавања за своите проблеми.
Од 2012 година е во брак со Канае Мијахра, со која живее во Калифорнија. Тие во 2013 година го добија синот Кијоши Џејмс, а две години подоцна и Дејан Леви.
Сега нивното семејство е поголемо за два мали члена. Имено тато Ник на својот профил на Фејсбук се пофали дека Канае неодамна на свет донела две девојчиња, Оливија Меј и Ели Лаурел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.