| четврток, 6 декември 2018 |

Големо интересирање за македонскиот павилјон во Венеција

Во изминативе четири дена, откако официјално е отворено Венециското биенале, ма­ке­дон­ски­от павилјон, со проектот „Силенсио патолоџија“ на Елпида Хаџи Василева го ви­доа повеќе од 1.000 посетители и, како што вели тимот оттаму – кураторката Ана Фран­гов­ска и директорката на Националната галерија Халиде Палоши, и самото отворање на изложбата поминало одлично, со околу 200 гости, главно галеристи, куратори, умет­ни­ци, претставници на фондации, директори на музеи, делегации.

Моќ­ни­от проект, неговата комплексност и интригантност, одличната локација, доб­ра­та маркетиншка покриеност придонесуваат Македонија годинава да има едно од пов­пе­чат­ли­ви­те претставувања на најпрестижната изложба во светот, задоволно вели ма­ке­дон­ски­от тим. Палоши на отворањето рекла дека проектот има длабока струк­тур­ност и различни квалитети во однос на физичкиот изглед и естетската сензација.
Фран­гов­ска и Хаџи Василева, задоволни од секојдневните бројни контакти, оче­ку­ва­ат продолжени и продлабочени презентации на самото дело и иницијативи за на­ред­ни проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top