Во изминативе четири дена, откако официјално е отворено Венециското биенале, македонскиот павилјон, со проектот „Силенсио патолоџија“ на Елпида Хаџи Василева го видоа повеќе од 1.000 посетители и, како што вели тимот оттаму – кураторката Ана Франговска и директорката на Националната галерија Халиде Палоши, и самото отворање на изложбата поминало одлично, со околу 200 гости, главно галеристи, куратори, уметници, претставници на фондации, директори на музеи, делегации.
Моќниот проект, неговата комплексност и интригантност, одличната локација, добрата маркетиншка покриеност придонесуваат Македонија годинава да има едно од повпечатливите претставувања на најпрестижната изложба во светот, задоволно вели македонскиот тим. Палоши на отворањето рекла дека проектот има длабока структурност и различни квалитети во однос на физичкиот изглед и естетската сензација.
Франговска и Хаџи Василева, задоволни од секојдневните бројни контакти, очекуваат продолжени и продлабочени презентации на самото дело и иницијативи за наредни проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.