| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот „Ничија земја“ од вечерва во Музејот на современа уметност

Во Музејот на современата уметност во Скопје, на 17 јануари 2017 (вторник), со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата на проектот „Ничија земја“ на „Стоундизајн“, кој беше изложен во Македонскиот павиљон на венециското Биенале за архитектура во 2016 година. Изложбата ќе трае еден месец – од 17 јануари до 15 февруари 2017 година.

Комесар на претставувањето на проектот „Ничија земја“ во Венеција беше Иванка Апостолова, куратор е Стојан Павлески, додека автори се Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top