| четврток, 6 декември 2018 |

Тројно убиство во Србија: Со својот пиштол Божидар ги убил синот, сопругата и шурата

Policija-pistolj-ubistvo-620x350

Во селото Бариќ во близина на Обреновац утрово се случила голема трагедија кога жител на споменатото место убил тројца членови на неговото семејство, по што си пресудил. Како што јави „Телеграф.рс“, причината за ова злострорство била бизарна, бидејќи сѐ започнало од една расправија за телевизиски кабел.

Како што јавија локалните медиуми, станува збор за добро ситуирано семејство, во кое пензионерот кој неодамна се вратил од Австрија, Божидар Д. (77) со својот пиштол го убил својот син, сопругата и шурата, а тешко ја ранил и неговата снаа.

Полицијата врши увид на местото на злосторството, а повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top