Во селото Бариќ во близина на Обреновац утрово се случила голема трагедија кога жител на споменатото место убил тројца членови на неговото семејство, по што си пресудил. Како што јави „Телеграф.рс“, причината за ова злострорство била бизарна, бидејќи сѐ започнало од една расправија за телевизиски кабел.
Како што јавија локалните медиуми, станува збор за добро ситуирано семејство, во кое пензионерот кој неодамна се вратил од Австрија, Божидар Д. (77) со својот пиштол го убил својот син, сопругата и шурата, а тешко ја ранил и неговата снаа.
Полицијата врши увид на местото на злосторството, а повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија