| четврток, 6 декември 2018 |

Мончи и Емери повторно ќе соработуваат, овојпат во Рома?!

monci i emeri

Според информациите од Италија, Рома му нуди тригодишен договор на Унаи Емери и соработка околу трансферите со неговиот пријател од Севилја, Мончи.

Поранешниот спортски директор на Севилја, со кого клубот од Андалузија ги направи најголемите спортски резутати, Рамон Вердехо или попознат како Мончи, денеска потврди дека во иднина ќе раководи со Рома. Експертот за трансфери со доаѓањето во италијанската престолнина ќе има влијание околу ангажманот на нов тренер, а бидејќи Спалети е се поблиску до излезната врата, нов стратег на клупата на „волчицата“ може да има побрзо од очекуваното.

Најлогична и реална опција на Мончи ќе биде ангажирањето на Унаи Емери, сегашниот кормилар на ПСЖ. Емери и Мончи соработуваа три години во Севилја, а испишаа историја со трите последователни титули во Лигата на Европа.

Шпанскиот стратег е прва, но не и единствена опција за римјаните, бидејќи Лоран Блан, поранешниот тренер на францускиот шампион ПСЖ е исто така кандидат за тренерското столче на „волчицата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top