| четврток, 6 декември 2018 |

Гофан искрен: Да беше ова вистинскиот Новак, ќе немав шанси

gofan-i-djokovic
Белгискиот тенисер, Давид Гофан приреди големо изненадување и го зема скалпот на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Гофан славеше со 2-1 во сетови со што дојде до полуфинална пресметка со Рафаел Надал. Тринаесеттиот рекет на светот смета дека овој триумф ќе му даде уште поголем мотив за уште подобри резултати.

-Ова е најголема победа во кариерата и тоа во меч со возбудлива завршница. Ова ми отвара апетит, ми дава голео задоволство. Губев пет пати од него, често на тврда подлога. На земја ми е полесно кога играм против него, можам да останам во долгите поени. Во третиот сет морав да ја променам играта зошто тој добро се движеше. Почувствувам дека морам да се подобрам, да го нападнам. Можеби Новак повеќе не е толку сталожен? Беше добар во некој поени во низа. Дали размислува, дали е деконцентриран? Со Новак во неговото најдобро издание не би имал шанси, -посочил Белгиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top