| четврток, 6 декември 2018 |

Надал го збриша Гофан и се пласираше во финалето на АТП турнирот во Монте Карло

Рафаел Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло го победи Давид Гофан во два сета, 2-0. Надал за титула ќе се бори против Алберт Рамос Вињолас кој денеска во три сет го победи Пулие. Ова е 10-то финале за шпанецот на АТП турнирот во Монте Карло.

Третиот гем донесе брејк, Гофан го направи тоа, 1-2. Во шестиот гем Надал ја искористи втората брејк топка и го израмни резултатот, 3-3. Надал во осмиот гем повторно направи брејк за 5-3, а на својот сервис не дозволи изненадување, 6-3.

Шпанецот во вториот сет три пати го одзеде сервисот на Гофан и го доби, 6-1.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top