| четврток, 6 декември 2018 |

Хелен Мирен доби награда за животно дело во Монте Карло

Актерката Хелен Мирен доби награда „Кристална нимфа“ за животно дело, на 57. издание на Телевизискиот фестивал, кое се одржуваше во Монте Карло. Наградата ѝ ја врачи принцот Алберт Втори.

71-годишната актерка на доделувањето се појави во друштво на раперот Куртис Џексон, односно 50 Cent, со што предизвика големо внимание, особено од британските медиуми.Таа, исто така, го сврте вниманието и со раскошната тоалета украсена со илјадници монистра и бисери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top