| четврток, 6 декември 2018 |

Усен Болт победи на последната трка во кариерата во Дијамантската лига (видео)

Јамајканецот, Усеин Болт победи на митингот во Монте Карло во рамки од Дијамантската лига и за првпат оваа сезона истрча под границата од десет секунди.

Најбрзиот човек на планетата сè уште не е во посакуваната форма, но има доволно сила за да ја победи сегашната конкуренција. Со време од 9.95 секунди, јамајканскиот спринтер заврши на првото место пред Ајзеа Јанг од САД (9.98) и Акани Симбине од Јужноафриканската република (10.02).

Ова е последна сезона на Болт, која ќе ја заврши со настап на Светското првенство во Лондон, кое се одржува наредниот месец од 5 до 13 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top