| четврток, 6 декември 2018 |

Пет македонски филма ќе имаат премиера годинава

Вкупно пет долгометражни играни филма на македонски автори се очекува да имаат премиера годинава, најави Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија.

– Годинава се очекуваат премиерите на следнивте филмови: „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Чекај ме/Сведок“ на Митко Панов и дебитантските остварувања на марија Џиџева „Жртва“, Тајната состојка“ на режисерот Ѓорче Ставревски и „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши – рече Ѓоргоска Илиевска.

Директорката на Агенција за филм најави дека годинава ќе се снимаат шест долгометражни играни филмови на македонски автори. Станува збор за филмовите: „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски, „Ако утре го снема сонцето“ на Александар Русјаков, „Господ постои и се вика Петрунија“ на Теона Стругар Митевска и „Цар Самоил“ на Антонио Митриќески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top