| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски кратки филмови во Тузла

tff300x250

Десетина кратки филмови на млади филмски автори од земјава ќе учествуваат на Филмскиот фестивал на јужнославјански филмови од 10 до 14 септември во Тузла, Босна и Херцеговина.

Фестивалот е млад и се одржува трет пат. Идејата на фестивалот е да ги промовираат кинематографиите на јужнославјанските земји. Ќе бидат прикажани филмови од поновата продукција: „Игра и спас“ од Горан Тренчовски, „Влакна“ на Елеонора Венинова, „Мал дисконтинуитет во времепросторот“, „409“ на Даријан Пејовски, „Намини бар еднаш“ на Kосара Митиќ, „Убаво време за умирање“ на Сенад Абдули и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top