Од денеска до 4 април, во Тбилиси, Грузија ќе се одржи „Фокус на македонски филмови“. Настанот е во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија, Кинотека на Македонија и Грузискиот филмски центар.
Во рамките на „Фокусот на македонски филмови“ ќе бидат прикажани следниве филмови:
– „Избор на филмови од Браќата Манаки“ – првите снимки на Балканот;
– „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски;
– „Тетовирање“ во режија на Столе Попов,
– „Плати и жени“ на Атанас Георгиев.
Отворањето и проекциите на филмовите ќе се одржат во киното „Руставели“, со почеток од 20часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.