Серена Вилијамс, некогашната најдобра светска тенисерка соопшти дека е бремена, а истовремено откри и интересен податок.
Американката соопшти дека веќе 20 недели е бремена и ако добро се пресмета, значи дека Вилијамс чекала принова и кога играла на турнирот Австралијан опен на кој оваа година стана шампионка.
Серена до трофејот дојде доминантно, без ниту еден загубен сет, што е навистина импресивно за настап на големиот грен-слем турнир, судејќи по информацијата на тенисерката дека играла бремена.
Вилијамс е верена со Алексис Оханијан, врска која ја откри во декември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.