
Киелце одлично го започна натпреварот и направи разлика од дури 14:5, крајот на првата половина ја заврши со 19:12, а натпреварот го завршија со победа од само еден разлика (31:30).
Германската екипа во вториот дел заигра многу подобро и во финишот имаше две можности за изедначување во последната минута. На 30 секунди до крајот Момир Илиќ од седум метри ја погоди пречката. Полскиот тим погреши во нападот, а во последните четири секунди Филип Јиха имаше можност да изедначи, но неговиот удар заврши крај голот и остана гол предност за Килеце.
Растко Стојковиќ со 8 и Иван Чупиќ со 7 голови беа најефикасни кај победникот, додека Илиќ и Јиха постигнаа по 6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


