| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола се одбележа Меѓународниот ден на заштитата на културното наследство

На промотивниот кутурен настан во Битола беше изложена иконата „Богородица живоносен Источник“ која според директорот Зоран Алтипармаков е исклучително вредна и раритетна икона која Музејот со средства од Министерството за култура ја откупиле од битолското семејство Лала…

Националната установа Завод и Музеј-Битола, Меѓународниот ден на заштита на културното наследство – 18 април, го одбележа со презентации на тема „Заштита на сакралните споменици во битолско“ и „Иконата Богородица живоносен Источник“.

Според Ристо Палигора, вработен во НУ Завод и Музеј-Битола, микроклиматските услови, големата концентрација на влажност, како и исселеноста на различни рурални локации во регионот директно влијаат врз соодветната грижа на некои цркви и црковното богатство и потребна е промена на тој амбиент.

– Во наредниве денови ќе почнеме конзерваторски операции врз фрескоживописот на црквата во селото Курбиново. Според проектот предвидена е промена на кровниот материјал и кровната конструкција, ќе има зајакнување на ѕидовите и други конзерваторско-реставраторски работи, појасни Палигора.

На промотивниот кутурен настан во Битола беше изложена иконата „Богородица живоносен Источник“ која според директорот Зоран Алтипармаков е исклучително вредна и раритетна икона која Музејот со средства од Министерството за култура ја откупиле од битолското семејство Лала.

– Стручни екипи на Музејот ја конзервираа и реставрираа иконата и од денес ќе биде поместена во постојаната изложбена поставка на нашата национална установа. Иконата е од 19 век, и во неа се пренесени мотиви за одбележувањето на празникот Велигден, потврди Алтипармаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top