Гевгеличани и вечерва со мирен протестен марш ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Се додека ни стои над глава како „дамоклов меч“ опасноста во вид на некаква тиранска платформа ќе бидеме тука. Ние, народот македонски, сме последниот куршум за одбрана на унитарна Македонија и нема да дозволиме никој да не понижува и дели- рече во своето обраќање пред поддржувачите на иницијативата, Биљана Ганди.
Покрај ова од протестниот марш во Гевгелија беше порачано дека не само 50, туку уште 550 дена народот на улица ќе чека да слушне не за тиранската платформа, поделбата на земјата и промената на нашето уставно име, знамето и двојазичноста кои се заговараат на голема врата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Бугарин го фати крстот во Гевгелија
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено