Двајцата доктори анестезиолози вечерта пред породувањето на Маја Кадиева биле во полупијана состојба, а подоцна испиле и уште по некоја чашка, сведочеше вработен во кафе-барот „Сити кафе“ во Гевгелија, каде што докторите наминале во критичната вечер.
– Седеа околу два часа, испија 3-4 коњаци и заминаа. Не можам да кажам дека ги повикаа, но станаа и си отидоа. Седеа токму спроти мене од шанкот и добро се сеќавам. Дојдоа во полупијана состојба. Сега починатиот доктор Јовановски го знам како добар човек, тој често доаѓаше, за разлика од тука присутниот кој тогаш дојде првпат. Дојде и пред три месеци со други колеги, тогаш пиеше кафе – сведочеше Александар Манчевски.
Според обвинението, вечерта на 22 октомври 2015 година, во закажаниот термин од 19 часот, медицинскиот тим не бил комплетиран поради едночасовно доцнење на анестезиолог Ванчев, кој пристигнал во видливо алкохолизирана состојба. И покрај ваквиот тек на настанот, гинеколозите Чалков и Москов не предложиле одложување на породување со царски рез. Обвинетиот Ванчев безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал напомош својот колега – сега покојниот Зоран Јовановски, кој исто така бил во алкохолизирана состојба и направил неколку неуспешни обиди за интубација.
Сведочеа и медицинските сестри, овој пат како сведоци на одбраната откако претходно сведочеа по барање на обвинителството. Дел од нивното сведочење предизвика тага, револт кај мајката на починатата Маја Кадиева, која била исто така медицинска сестра.
Една од сестрите ги опиша моментите на родилката пред таа да биде внесена во сала.
– Жената не беше вознемирена. Го потпиша документот за операција и чекаше да започне царскиот рез во нејзината соба. Царскиот рез секогаш се закажуваше попладне оти во болницата во Гевгелија немавме гинеколог – рече акушерката Фикрија Дуева.
Обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе се гинеколозите струмичаните Венци Чалков (50) и Дончо Москов (59), како и на анестезиологот Томче Ванчев (56) од Гевгелија за тешки дела против здравјето на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Медицинска компликација причина за смртта на родилката од Свети Николе
-
Гинекологија Чаир: Родилката почина како резултат на комплицирана бременост
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ